Соопштение за јавност
Итно е потребно да се овозможи формирањето на новата реформска Влада, којашто ќе ја обезбеди демократијата во Македонија и почитувањето на човековите права.
Тоа што Фридом Хаус во најновиот извештај ја посочува Македонија како држава со најнизок степен на демократија во регионот, е само потврда зошто граѓаните на Македонија избраа промени.
Македонија, според извештајот паднала на најниско демократско ниво од 2001 година! Земјава бележи пад во сите категории. Македонија веќе се смета за авториратен режим во однос на демократското владеење и слободата на медиумите. Се намалила независноста на судството, поради, како што се истакнува политичко влијание врз судовите и опструкции во работата на Специјалното јавно обвинителство! Има влошување на корупцијата, поради неказнивост на случаи на сериозна корупција!
Поради ваквите загрижувачки тенденции коишто ја кочат Република Македонија во евро-атлантските перспективи и ги загрозуваат правдата, правото на информирање, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните, мора веднаш да престанат неразумните блокади во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така Ѓорге Иванов е должен да не штити криминалци туку да овозможи мирен трансфер на власта.
Ќе има нов претседател на Парламентот и нова реформска Влада бидејки така одлучија мнозинството граѓани на Македонија кои избраа Македонија да биде демократија а не режим!
Скопје, 04.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА