Соопштение за јавност
Вистинската анкета на граѓаните, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја добија на изборите на 11 декември. Околу 700 илјади граѓани одлучно се изјаснија дека сакаат промени, правда и заедништво.
Ништо, ни нарачани анкети по агенции што добивале милионски тендери од државни институции, не може да му помогне на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што мора да ја прифати оваа реалност.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција и должни се во интерес на граѓаните веднаш да овозможат мирен и брз трансфер на власта.
Скопје, 16.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА