Соопштение за јавност
Осомничените соработници на ВМРО-ДПМНЕ бегаат бидејќи знаат дека е готово.
Бегството на Сеат Кочан, бизнис партнерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, за што се информира во јавноста, покажува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници не ги интересираат ни граѓаните ни државата, само како да се спасат од одговорноста за 10-годишните криминали.
Но граѓаните гласаа за промени и правда и затоа е неопходно што побрзо да се формира новата реформска Влада, која ќе ги заштити интересите на граѓаните и на државата.
Скопје,11.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА