fbpx

(Документ) Тодоров лаже дека немало БСЖ вакцини бидејќи ќе замрзнеле по пат, итно е потребна одговорна Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неверојатно е до каде може несовесно да се однесува министерот за здравство, дури и кога се работи за новороденчиња.

Одговорноста за недостигот на вакцини BCG, цели 4 месеци, на Клиниката за гинекологија, поради којашто се испуштаат новороденчиња без примена вакцина, Тодоров ја префрли на студот, поради којшто не летале авиони, а и да летале, вакцините ќе замрзнеле во нив!

Но, еве документ од Светската здравствена организација, во прилог на ова соопштение, каде што е јасно наведено дека вакцините и 10 пати да замрзнат, нема да изгубат од нивната ефикасност.
Граѓаните знаат дека Никола Тодоров е неодговорен политичар, бидејќи тој 10 години се грижи само за тендери, но не и за нивното здравје.

Затоа итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија, којашто ќе работи исклучиво за потребите на граѓаните!

 

 

Скопје, 22.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести