Соопштение за јавност
Македонија оди напред. Демократските процеси се незапирливи.
Ја разбираме фрустрацијата на отфрленост на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но порачуваме дека тоа не смее и нема да влијае на развојот на Македонија во слободна, модерна држава, со независни граѓани и институции и евро-атлантски перспективи.
Луѓето знаат дека на изборите СДСМ излезе во коалиција со политички субјекти но и со граѓани, за што се доказ пратеничките листи на кои за прв пат во политичата историја на Македонија се најдоа граѓани индивидуалци и претставници на сите етнички заедници.
Граѓаните го поддржаа тој концепт на отвореност и заедништво и во огромно мнозиство од 612.000 граѓани, без разлика на нивната различност, гласаа за промени и живот, наспроти режим и исто, интеграција, заедништво и соработка наместо изолација, поделби и омраза.
На таквите кредибилни избори победи граѓанска Република Македонија и тоа е иднината. Назад нема.
Скопје, 12.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА