Соопштение за јавност
Костовски: За Кочани мора да има правда, без заштита на блиските до власта!
-Селективна правда не е правда, тоа е неправда. Ние максимално се трудиме да им укажеме дека ваква трагедија незапаметена во современа Македонија, каде 62 млади лица го изгубија животот, не треба да има ниту тронка сомнеж дека треба да биде квалитетно праведно процесирана, врз основа на правните прописи, врз осова на тргањето на партиските интереси и пред се тргањето на заштитата на одредени луѓе блиски до партијата на власт, рече организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Што мисли народот“ на штипската телевизија Стар.
Тој нагласи дека тоа што се случи во Кочани е трагедија за цела Македонија, која мора да ја освести земјата.
-Потребен е ресет на системот, додека не почнеме со ресет на системот во обвразованието, здравството, начинот на живеење, на воспитувањето на нашите деца мислам дека не и се пишува добро на државата, рече Костовски додавајќи дека СДСМ, претседателот Филипче беше прв кој подаде рака за ресет на системот, но доколку власта не ги отвори вратите за соработка тешко дека ќе може да се ресетира системот.
Ние и во наредниот период ќе настапиме со искрена, чесна добра намера. СДСМ не за џабе се вика државотворна и сега кога е најтешко, кога е време за ресетирање на системот, на општеството генерално, СДСМ ќе го носи бајракот напред, порача Костовски.
Костовски нагласи дека СДСМ поднесе закон за обештетување на семејствата на повредените и загинатите во трагедијата и повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи.
-Не знаеме зошто не го прифатија. Го пуштивме во редовна постапка сега, се со цел да им се помогне на семејствата со по 80.000 евра финансиски средства за психолошка, здравствена поддршка. Како што слушаме и гледаме луѓето самите си купуваат завои, тргаедијата е огромна а државата не презема ништо, рече организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски за телевизија Стар.