fbpx

Трајановски ќе даде отчет за криминалите, граѓаните избраа промени!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Скопје знаат дека Коце Трајановски не направи ништо за нивните реални потреби.
Тој ги остави да се гушат во загаден воздух поради тоа што не ја спроведе гасификацијата.

Нивни деца мрзнат во училиштата поради неисправни инсталации на големиот студ и минусните температури. Поплави одзедоа животи на деца поради тоа што нема атмосферска канализација во сите делови на главниот град.

Граѓаните на главниот град на Македонија, во 21-от век се оставени без елементарни услови за живот, водоводи, одводи, безбедни патишта и тротоари, енергетски фасади. Сето ова се случува, бидејки Трајановски со Никола Груевски со години ги задолжува скопјани во милиони евра за панорамски тркала, лажен барок, за криминалниот проект Скопје 2014, воден од тендер интреси.

На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење.

Граѓаните на 11 декември рекоа НЕ на Трајановски, Груевски и на криминалните власти и побараа нова одговорна Влада што ќе се грижи за нивните проблени, потреби и нивното здравје.

 

Скопје, 24.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести