Соопштение за јавност – реакција на обраќањето на Христијан Мицкоски
СДСМ: Мицкоски нема право да зборува за селективност, ја погази правдата и ја понижи Македонија
Нема дно кое Мицкоски не може да го пробие кога лаже и манипулира со јавноста.
На денот кога треба да даде отчет за сработеното во првата година на власт, Мицкоски реши да зборува за трагедијата во Кочани, ставајќи ја во функција на предизборна кампања.
Дегутантно е Мицкоски да зборува за некаква грижа, за лажната емпатија и за наводниот план кој тој го имал за Кочани и тоа денес кога неговите пратеници во Собранието одлучија да го блокираат Законот за поддршка на родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани.
Срамота е Мицкоски да зборуваш за правда, кога четири месеци криевте и на секој можен начин се обидувавте да ги извлечете своите партиски кадри од одговорност. Срамота е Мицкоски да зборува за одговорност без селективност кога целата Македонска јавност виде дека токму неговата партија добивала донации од осомничените за трагедијата.
Обвинителите работат под притисок за случајот Кочани и тоа е очигледно. Секогаш кога обвинителите ќе најават проширување на истрагата, Мицкоски зборува за нивна смена и нивна одговорност.
Срамота е Мицкоски да зборува за неселективна правда кога го амнестира од одговорност директорот на АНБ кој е поставен на функција со фалсификувани документи.
Срамота е Мицкоски да зборува за неселективност кога секојдневно гледаме докази за 150 дивоградби во Чаир кај неговиот коалициски партнер од ВЛЕН.
Мицкоски нема право да зборува за неселективна правда, Мицкоски ја понижи Македонија.