Соопштение за јавност
Новата одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија ќе ја укине радиодифузната такса. Ништо, па ни ова повеќе не зависи од волјата на Никола Груевски и на криминалното раководство од ВМРО-ДПМНЕ коешто ги уништи граѓаните на Македонија.
Логично е на криминалната власт во заминување да не и е јасно како може МРТ да се финансира од Буџетот и до други приходи, наместо граѓаните да плаќаат сметки за радиодифузна такса. Оваа власт во заминување единствено знае како да им краде и затоа едиствен успех и се украдените 5 милијарди евра на сметки на фамилијата во странство, на сметка на над 500.000 осиромашени во земјава.
Затоа граѓаните избраа промени и нова одговорна Влада којашто ќе води реални политики за нивните реални потреби.
Скопје, 12.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА