Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски.
На средбата се разговараше за текот на изборниот процес и очекувањата за натамошен демократски развој на Македонија.
„Горди сме на резулатот што го постигнавме. Големо мнозинство на граѓани околу 612.000 се одлучија за промени. Оваа поддршка од граѓаните е наша голема одговорност. Се обврзавме пред нив дека нашиот концепт за враќање на животот во Македонија ќе обезбеди квалитетен животен стандард на сите граѓани во Р.Македонија и заедно со нив ќе го постигнеме тоа. Граѓаните се единствени и обединети околу овие цели и тоа е знак дека Македонија ќе зачекори кон една стабилна и просперитетна иднина за сите нејзини граѓани!” рече претседателот Заев.
Претседателот Заев го информираше амбасадорот дека очекува до крајот на неделата да се конституира Парламентот и да се отворат демократските процеси кои граѓаните ги побараа на неодамнешните избори.
„Мнозинството граѓани на Р.Македонија побара промени. На мирен начин, со пенкало и глас граѓаните поразија режим. Само нова и одговорна Влада може да ги донесе тие промени!“ рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Скопје, 28.12.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА