fbpx

Конгрес

Конгресот е највисок орган на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Конгресот на СДСМ го сочинуваат: по еден делегат на определен број членови од општинските организации на СДСМ, утврден со одлуката за свикување на Конгресот; претседателот на СДСМ; заменик претседателот на СДСМ; генералниот секретар на СДСМ; членовите на Централниот одбор на СДСМ и на Надзорниот одбор на СДСМ; претседателите на општинските организации, членовите на Градски одбор на Градската организација на СДСМ – Скопје, претседателот на СДММ и координаторот на Форум на жени на СДСМ, односно вршителите на овие функции во моментот на одржувањето на Конгресот; членовите на Пратеничката група на СДСМ, министрите и замениците-министри избрани од листата на СДСМ и градоначалниците од редовите на СДСМ.

Мандатот на делегатите на Конгресот трае 4 години.

***

На најновиот, 19 Конгрес на СДСМ, одржан на 13.12.2015 година усвоена е Изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изборите во 2016 година.

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев е избран на14 Конгрес на СДСМ, одржан на 02.06.2013 година.

***

Во продолжение се редоследно наведени датумите на одржувањето на конгресите на СДСМ и донесените одлуки, од нивниот почеток.

1 Конгрес на СДСМ е одржан 20.04.1991 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

2 Конгрес на СДСМ е одржан на 21. и 22.04.1995 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

3 Конгрес на СДСМ е одржан на 06.02.1999 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи. За претседател на СДСМ е избран Брано Црвенковски. За секретар е избран Ѓорги Спасов. За потпретседатели се избрани Владо Бучковски, Томе Тромбев и Радмила Шекеринска.

4 Конрес на СДСМ е одржан 08.02.2003 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи.

За претседател на СДСМ е избран Брано Црвенковски. За секретар е избран Никола Ќуркчиев. За потпретседатели се избрани Владо Бучковски, Илинка Митрева и Радмила Шекеринска.

5 Конгрес на СДСМ е одржан 25.11.2004 година.

На вондерниот конгрес, за претседател на СДСМ е избран Владо Бучковски. За секретар е избран Никола Ќуркчиев. За потпретседатели се избрани Илинка Митрева и Радмила Шекеринска.

6 Конгрес на СДСМ е одржан на 05.11.2006 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседателка на СДСМ е избрана Радмила Шекеринска. За секретар е избран Горан Минчев. За кандидати за потпретседатели се утврдени Зоран Заев, Игор Ивановски и Јани Макрадули.

7 Конгрес на СДСМ е одржан на 24.02.2007 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседателка на СДСМ е избрана Радмила Шекеринска. За секретар е избран Горан Минчев. За потпретседатели се избрани Зоран Заев, Игор Ивановски и Јани Макрадули.

8 Конгрес на СДСМ е одржан 18.09.2008 година.

На конгресот за претседател на СДСМ со ограничен мандат до следниот конгрес е избран Зоран Заев. За секретар е избран Игор Ивановски. За потпретседатели се избрани Јани Макрадули, Магдалена Несторовска и Љубомир Јанев.

9 Конгрес на СДСМ е одржан 24.05.2009 година.

На конгресот за претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

10 Конгрес на СДСМ е одржан 07.06.2009 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски. За секретар е избран Андреј Петров. За потпретседатели се избрани Гордан Георгиев, Зоран Заев и Зоран Јовановски.

11 Конгрес на СДСМ е одржан 12.09.2009 година.

На конгресот се донесени Статут и Програма на СДСМ.

12 Конгрес на СДСМ е одржан 02.05.2011 година.

На Конгресот е усвоен Предлог за кандидатски листи за пратеници на СДСМ за вонредните парламентарни избори.

13 Конгрес на СДСМ е одржан 03.07.2011 година.

На конгресот е утврдена доверба на органите на СДСМ.

14 Конгрес на СДСМ е одржан на 02.06.2013 година.

На Конгресот за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.

15 Конгрес на СДСМ е одржан на 30.06.2013 година.

На конгресот за заменик претседателка е избрана Радмила Шекеринска. Донесен е новиот Статут на СДСМ и донесена е Одлука за кооптирање на членови на Централниот одбор на СДСМ.

16 Конгрес на СДСМ е одржан 04.03.2014 година.

На конгресот е утврден Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија, сега Република Северна Македонија.

17 Конгрес на СДСМ е одржан 23.03.2014 година.

На конгресот е утврдена Листа за предлагање кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, сега Република Северна Македонија.

18 Конгрес на СДСМ е одржан 11.05.2014 година.

На конгресот изгласана е доверба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Изгласана е доверба на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Изгласана е доверба на членовите на Централниот одбор и на Надзорниот одбор.

19 Конгрес на СДСМ е одржан на 13.12.2015 година.

На Конгресот е усвоена Изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изборите во 2016 година.

20 конгрес на СДСМ е одржан на 02.10.2016 година

На 20ти конгрес на СДСМ претставен Планот за Македонија за економски развој на државата за изборите во 2016 година

21 конгрес на СДСМ е одржан на на 06.11.2016 година

На 21 конгрес на СДСМ, претседателот на партијата Заев ги преставува носителите на изборните листи за претстојните избори

22 конгрес на СДСМ е одржан на 27.05.2017 година

На 22 конгрес на СДСМ, Социјалдемократите го потврдуваат Зоран Заев за претседател на партијата.

23 конгрес на СДМ е одржан на 03.03.2019 година

На 23 конгрес се верификува одлуката на раководство на СДСМ, Стево Пендаровски да биде кандидат за шести претседател на државата.

24 конгрес на СДСМ е одржан на 09.03.2020 година

На 24 конгрес на СДСМ се претставува најразноликата и најголема коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ која ќе настапи на предвремените парпламетнарни избори

25 конгрес на СДСМ е одржан на 25.10.2020 година

За прв пат во историјата се одржува дигитален конгрес, согласно сите протоколи за јавното здравје.

Усвоени се статутарни измени со кои СДСМ е една од ретките партии кои имаат родова еднаквост.

Новиот претседател ќе се бира на директни непосредни внатрепартиски избори

26 конгрес на СДСМ се одржа на 16 мај 2021 година

Поради ситуацијата со коронавирусот и почитување на сите здравствени мерки и протоколи, со одлука на Извршниот Одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Дваесет и шестиот Конгрес се одржа во дигитална верзија, преку платформата zoom, но и со одредено физичко присуство на 29 собирни места каде што беа групирани делегати од ОО на СДСМ согласно ковид протоколите. Отворениот дел на конгресот беше пренесуван на традиционални, дигитални и социјални медиуми, (Видео од Конгресот: https://www.youtube.com/watch?v=uxrkNXwd6Hs&t=1269s ).

На конгресот физички присуствуваше работното претседателство и работните тела на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, согласно ковид протоколите.

На овој Конгрес се измени Статутот на партијата со што бројот на членови на Централниот одбор се дефинираше од 110-130 члена, кои ги избира Конгресот.

На овој 26-ти Конгрес беа избрани членови на Централниот одбор и на Надзорниот одбор а за заменик претседателката на СДСМ е избрана Сања Лукаревска.