Соопштение за јавност
Ја обединивме и здруживме цела Македонија за достоинствен живот во неа, за три дена сите заедно ќе го славиме новиот живот, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот митинг во Радовиш.
„Ќе му докажеме на целиот свет дека овде има слободни луѓе и демократи, кои на 11-ти декември ќе го искористат најсилното оружје на 21 век, а тоа е ГЛАСОТ. Со заокружување на бројот 4 ќе си го вратиме животот, ќе си го вратиме достоинството, рече Заев.
Тој ги повика вработените во јавната администрација да се охрабрат, да не се плашат и да ги изберат промените. Упати повик и до младите да си ја обезбедат својата иднина тука, а бабите и дедовците ги повика со заокружување на бројот 4 да си ги вратат тука своите внуци од странските земји.
-Ајде сите заедно да ја турнеме Македонија да оди напред со повисоки плати, со правда за сите, со власт која ќе работи за своите граѓани и својата држава, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Радовиш.