fbpx

Со Груевски нема напред! 626.132 иселени лица од Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Според податоците на Светска банка, од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година. Кога ќе се додадат и иселените во 2014, 2015 како и оваа 2016 година, бројката на иселени е драстично поголема.

Како што велат податоците на Светска банка, невработеноста, посебно кај младите, е една од главните причини за иселувањето.

Никола Груевски и неговите извршители ги уништија сите шанси на младите, да можат во својата родна земја да заработуваат и тука да ја гледаат својата иднина. Во Македонија денес успеваат само криминалците и партиските послушници. Затоа младите бегаат во странство.

Со Груевски Македонија не може да оди напред. Нови четири години со Груевски ќе значат дополнително зголемување на иселувањето, посебно на младите.

На ова мора да му ставиме крај.

Ние имаме план за живот во Македонија. Имаме план за да ги задржиме младите во Македонија. Преку повисока минимална плата до 16 илјади денари и повисока просечна плата до 30 илјади денари. Преку поддршка на домашните фирми со 140 милиони евра за нови работни места. Преку неповратни 10 илјади евра за сопствен бизнис на младите со добри идеи. Преку бесплатна кирија и одржување на фирмите во првите 2 години во старт-ап центри. Преку гаранција за млади која овозможува довршување на образованието, вработување, пракса или тренинг во рок од 4 месеци по завршување факултет.

Нашиот план е реален и ќе го оствариме заедно со граѓаните. На 11 декември гласаме за бројот 4, избираме живот во Македонија!

Скопје , 08.12.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести