Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, СДСМ
Скандал, за младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка
Почитувани,
Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност.
Ниту основни услови за младите спортисти актуелната власта не успеа да обезбеди со катастрофалната организација .
Најгордата влада немаше пари за соодветно сместување со клима уреди, немаше за соодветна храна и доволно вода, немаше пари за соодветен превоз.
Но коге е ПР во прашање мора да има пари, за фирмите кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Сопственикот на агенцијата ИДЕА Лаб, и дел од вработените, го добиле бизнисот за ПР за олимпијадата во различни сегменти, меѓу кои маркетинг и менаџмент на социјалните медиуми.
Како е можно да има пари за ПР и маркетинг а да нема за основни услови на блам олимпијадата?
Можно е. Сопственикот на ИДЕА Лаб, Димитар Атанасовски, е близок до власта.
На неговиот профилот може да се видат тон слики со Борко Ристовски, Игор Јанушев, Орце Ѓорѓиевски, Владимир Нелоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали близната со Борко Ристовски или шефот на кабинет на Мицкоски била пресудна за токму оваа фирма да биде ангажирана?
Но не е само младинската олимпијада.
Во изминатиот период оваа агенција добива пари и од многу државни институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ но и нивните коалициски партнери.
Околу 50 илјади евра, пари на граѓаните, редовно се слеваат во оваа агенција.
На пример, од Минстерството за образование добиле 8.000 евра, од Министерството за односи со заедниците над 24.000 евра, од Министерството за локална самоуправа 16.000 евра итн.
Јака идеја е да се земаат пари од народот.
Луѓето во оваа држава едвај преживуваат, платите стагнираат, нема пари нови пожарникарски возила, нема пари за ништо освен за ПР за промоција на власта.
Ова е уште еден пример за безобразието и аздисаноста на оваа власт, без трошка чувство за одговорност кон граѓаните.
Бараме сите договори јавно да бидат објавени да види народот за што се трошат парите. Во чии џебови завршуваат парите на граѓаните.
А Борко Ристовски, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка.