fbpx

Власта на Груевски призна, потрошиле милијарда евра, а струјата е поскапа за 100 проценти!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Aко власта на Никола Груевски инвестирала една милијарда евра во енергетиката, зошто граѓаните плаќаат за 100 проценти поскапа струја денес во однос на 2006 година?!

Значи, како што признаa од ВМРО-ДПМНЕ, потрошиле над една милијара евра народни пари, а, како што покажуваат официјалните податоци, на графиконот во прилог:

-Домашното производство на струја е намалено!
-Увозот на струја е зголемен за 40 проценти!
-Зголемена е за над 100 проценти цената на скапата тарифа на струјата.

Тогаш каде и за што отишле над милијарда евра потрошени пари на граѓаните како што призна во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе има ревизија и одговорност за сите злоупотреби на пари на граѓаните.
По 11 декември одговорна влада предводена од СДСМ ќе инвестира во домашното производство на струја, со што ќе создадеме можност да се намалат сметките за струја на граѓаните.

Скопје, 03.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести