Соопштение за јавност
Порачуваме дека ќе има ревизија на сите задолжувања на граѓаните што ги направи и продолжува да ги прави неодговорната власт на Никола Груевски.
Вкупниот јавен долг со секој нов ден од овие неодговорни луѓе на власт достигнува историско ниво. Од вчера долгот и официјално е 4 милијарди 760 милиони евра.
Еве што значи тоа:
– Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по 2 милиона евра!
– За последниве 9 месеци вкупниот јавен долг Македонија го зголемиле за над половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра.
Ова значи и дека секој граѓанин на Р. Мaкедонија е задолжен со 2.274 евра! Секое бебе се рага со долг од 2.274 евра!
Вкупниот јавен долг ги надмина ризичните 50 проценти од БДП, како што предупредувавме и како што предупреди и Светска банка кога изрази загриженост за огромните задолжувањата на Македонија.
Дополнително за денеска, извршителот на Груевски, министерот за финансии Кирил Миноски има најавено ново задолжување на домашниот пазар од 61.5 милиони евра!
Сите задолжувања направени на товар на граѓаните ќе бидат преиспитани и за сите злоупотреби на парите на граѓаните ќе има одговорност!
На 11 декември граѓаните ќе изберат одговорна Влада којашто ќе се грижи исклучиво за нивните потреби.
Скопје, 01.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА