fbpx

СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот.

Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите „божем“ им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци?

Вакви фантазии не постојат во македонската економија. Напротив. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја живеат суровата реалност: цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат.

И официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски.

За само четири месеци вредноста на синдикалната потрошувачка кошница во март порасна 3.473 денари. За да се покрие синдикалната кошничка за едно семејство потребни се речиси 2,7 минимални плати. Ниту просечната нето-плата не го следи растот на цените, во истиот период порасна за само 1.033 денари.

И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот.
Во БиХ минималната плата веќе е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра.

А владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол.

Додека за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, луксузни возила, приватни авиони, папаја и манго на државен трошок.

Според најновите податоци, БДП по глава на жител изнесува само 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ – 19.290 долари.
Тоа е далеку под европскиот просек и доказ за катастрофалната економска состојба.

Тоа е суровата реалност во Македонија со оваа власт.

Додека Мицкоски зборува за „четврта економија во Европа“ и „шеста економија во свет по инвестиции“, реалноста е сосема спротивна.

Македонија е четврта во Европа, но одзади, на листата на најсиромашни земји.

Филмовите на Мицкоски не ја хранат сиромаштијата, не ја плаќаат потрошувачката кошница и не им носат подобар живот на граѓаните.

Таква е реалноста: трошоците секојдневно одат нагоре, а приходите не го следат тој раст Македонија тоне во сиромаштија.

Наместо Нетфликс филмски изјави Владата треба веднаш да ги покачи платите и да ги прифати предлозите на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра и покачување на платите во сите сектори.

Последни вести