fbpx

Шукова за МИА: Продолжување на БРТ и Луна парк се меѓу капиталните проекти во мојата програмата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, во интервју за новинската агенција МИА истакна дека нејзината програма, на која се работи подолг временски период содржи повеќе столобови на кои што ќе се работи, како и повеќе капитални проекти.

-Едното ќе биде инфраструктурата, секако, без разлика дали зборуваме за надземна или подземна инфраструктура. Тука секако е хигиената, водовод, се бориме со загуби во вода во Скопје, канализација, образованието и културата, рече Шукова, зборувајќи за столбовите на програмата.

Како еден од поголемите проекти во програмата Шукова најави Луна парк, како центар што ќе нуди повеќе забава за младите и продолжување на проектот за брз транспорт.

-БРТ е процес којшто застана четири години, за жал, тоа е проект којшто е спремен, технички, со документација, обезбедени се финансиски средства и сметаме дека тој проект треба да се спроведе, можеби со мали модификации, истакна Шукова.

Шукова најави големи промени во однос на хигиената во градот и управувањето со отпадот.

-Ќе одиме на еден принцип што се вика циркуларна економија или кружна економија. Тоа значи да го искористите отпадот како ресурс и кога кружно да го движите, на крајот количината на отпад кој што финално треба да ја депонирате, да ви биде помал одоната што го имаме денеска, рече Шукова, додавајќи дека сега во Скопје се фрла најверојатно и се депонира околу 94/95 % од отпадот, а во европските земји само 20,30 % од отпадот.

Шукова нагласи дека и кај нас отпадот треба да се користи како ресурс по примерот на европските земји.

-Тоа треба да го направиме и тука. Ама за да го направите тука на граѓаните прво мора да им обезбедиме соодветна инфраструктура. Што тоа значи? Мора да им обезбедите соодветни канти и контејнери кај што ќе го селектираат отпадот и да им обезбедите возила кои што во редослед точно ќе знае кога ќе им ја подигне пластиката, кога ќе им го подигне да речеме хартијата, кога ќе го подигне комуналниот отпад, а во околината на Скопје мора да има капацитети кои што тоа ќе го преработуваат. Има многу позитивни пракси и јас се надевам дека ако ќе добијам шансата тоа ќе можам да го спроведам, рече кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, во интервју за новинската агенција

Последни вести