fbpx

СДСМ: 4 години разочарување, лични интереси и тендерски шеми на Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ Неготино

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Неготино, Петар Мантев

Почитувани,

4 години локална власт на Горан Стојанов и ВМРО-ДПМНЕ се години на разочарувања.
ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ја претвори општина Неготино во сервис за лични и партиски интереси а граѓаните целосно ги заборави.

Преку тендерски шеми и фирми блиски до власта, милионски суми завршуваат во нечии џебови, а граѓаните плаќаат повисоки сметки за вода, смет и комуналии.

Во 2023 година, цените на комуналните услуги беа покачени за цели 100%. Двојно повисоки сметки а нема никакво подобрување во услугите.

Општина Неготино е рекордер по трошење пари за привремени вработувања, а по транспарентност е на срамното 80-то место во државата.

Граѓаните плаќаат повеќе – а добиваат помалку. Тоа е единствениот „резултат“ на Горан Стојанов.

А што беше ветено? Во 2021 година, пред изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојанов ветуваа:

* Голем градски парк кај „Младост“
* Скејт-парк и фитнес-зона
* Нов градски плоштад
* Катна гаража и кружни текови
* Реконструкции, урбан развој, проекти…

Поминаа 4 години, денеска е 2025 година, ништо од тоа не е реализирано.

Наместо исполнети ветувањата, видовме скандали:

-Пазар вреден 420.000 евра, со петпати надуена цена. За обичен покрив платени се 10.000 денари по квадрат, кога пазарната цена е 2.000. Разликата од 60.000 евра заврши во нечии џепови.

Една иста фирма, една иста матрица – коруптивна шема на ВМРО-ДПМНЕ.

А кога беше најтешко?

Во јули 2024 година, пожарот на Серта уништи над 1.000 хектари. Градот гореше а градоначалникот Стојанов беше на плажа. Без кризен штаб, без одговорност, без совест.

Тоа е билансот на овие четири години. Плаќаме повеќе, добиваме помалку. Нема паркови, нема инфраструктура, нема визија. Но затоа има поскапи сметки, тендерски шеми и градоначалник што бега од одговорност.

Почитувани,

Неготино не заслужува да биде жртва на неспособност и корупција на ВМОР-ДПМНЕ. Локалните избори се шанса за промена.

Неготино заслужува план, реализација и вистинска работа за граѓаните.

СДСМ е подготвен да ја врати локалната самоуправа во вистинска насока, транспарентна, одговорна и посветена на интересите на граѓаните на Неготино.

Последни вести