Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски
Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните.
Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори.
Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година.
Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации.
Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори.
Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите?