Соопштение за јавност
Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија истакна дека по сите големи ветувања на изборите во 2024 година и после 4 години локална власт има огромни разочарувања кај граѓаните, особено за нереализираните ветувања и економијата.
-Со ВМРО-ДПМНЕ има катастрофални економски параметри, платите стагнираат, додека во регионот растат, и БиХ не претрка со минимална плата од 511 евра. Регионот оди нагоре ние стагнираме, а како што растат цените како што растат трошоците за живот така паралелно мора да растат и платите, а сега ние имаме очајни плати а имаме европски цени нашата минимална плата е скоро една третина од европската плата, тоа е навистина е недозволиво, рече Лукаревска.
Лукаревска потсети дека власта ги одби сите предлози на СДСМ за подобрување на животниот стандард, за зголемување на платите, за намалување на на ДДВ за електрична енергија и укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, не го применува законот за нефер трговски практики.
Таа додаде дека СДСМ изнесува алармантни состојби за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво, како и бројни скандали.
-Ние како опозиција секојдневно, еве изминатите два дена имавме серија на прес конференции од наши кандидати за градоначалници, во конкретни општини со цел да се разобличи она што значи локално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и секако нивните градоначалници кои не ги исполнија ветувањата, рече Лукаревска.