fbpx

Николовски: Небулозите за начинот на полагање на ловечкиот испит по електронски пат ги потврди и министерот Цветков

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во денешната реакција МЗШВ и министерот Цветков ги потврдија небулозите за начинот на полагање на ловечкиот испит по електронски пат.

Aко е исклучен човечкиот фактор во полагањето, тогаш што работи Комисијата за полагање ловечки испит? Дали Комисијата треба да ги испрашува кандидатите или да ги набљудува да не препишуваат пред компјутер?

Како можеше пред 10 години да се полага ловечки испит пред Комисија и да немаше ниту еден кандидат кој во рок од еден месец не беше повикан да го полага испитот?

Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не се закажуваше полагање на ловечки испит и во еден период повеќе од 2000 кандидати не можеа да го остварат правото на полагање ловечки испит со тогашната Комисија.

Бидејќи министерот Цветков очигледно не е запознаен со постапката која се спроведувала во минатото, да му објасниме како треба да се спроведува постапка за давање на дивеч на користење по пат на концесија.

Прво се распишува јавен оглас за користење на дивечот во ловиштата кои се наведени во огласот. Потоа сите заинтересирани субјекти доставуваат документација за регистрација за вршење на дејност ловство, за вработено лице од шумарска струка образец м1/м2, материјално -технички можности и програма за развојни можности. Потоа Комисија формирана од Владата на РМ ги разгледува сите пристигнати понуди и врз основа на целокупната документација го избира најдобриот понудувач за секое ловиште посебно. На крај се склучува договор меѓу Владата на РМ и најдобриот понудувач кој станува корисник на дивечот во ловиштата.

Министерот Цветков може слободно да наведе некоја држава , ако таква постои, каде што се спроведува постапка со наддавање.

Нашите предлози за измени на членовите од Законот за ловство се јасни и прецизни.

Затоа, ако министерот Цветков и МЗШВ вистински се грижат за ловците и корисниците на дивечот во ловиштата и ако сакаат да ги вметнат во Законот за ловството нашите предлози, јас ќе ги поддржам, но само доколку се поднесат до периодот на распуштање на Собранието на РМ.

 

Последни вести