fbpx

Канческа Милевска нека земе заштитна маска и нека објаснува на депонијата кај Аквадуктот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерката Елизабета Канческа Милевска може многу лесно да ги докаже своите тврдења за заштита на скопскиот аквадукт. Само треба да ги покани новинарите таму, да се намести пред депонијата за градежен шут и да почне да зборува за, како што вели, своите над илјада проекти.

Добро би било Канческа Милевска и присутните со себе да понесат и заштитни маски. Неподносливата миризба која се шири од најзагадената скопска река која поминува под аквадуктот е потенцијален извор за зараза на Скопје.

Повторуваме: Новата влада предводена од СДСМ ќе го заштити аквадуктот како културно наследство на Скопје. Комплетно ќе го рехабилитираме оштетениот аквадукт и просторот околу него, ќе ја исчистиме и уредиме реката, а просторот ќе го заштитиме како културен предел. Аквадуктот и неговата околина ќе ги претвориме во туристички и културен простор за сите граѓани на Македонија, како и за туристите кои го посетуваат главниот град.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, 06.10.2016

Последни вести