Соопштение за јавност
Ништо повеќе не го спасува обвинетиот Никола Груевски. Ниту потрошените милиони долари и евра за лобирање, ниту неговата проштална посета на САД.
Пораките на целата меѓународна заедница се јасни. Нема амнестија за криминалци.
Груевски ќе мора да понесе одговорност за криминалите и злоупотребите на граѓаните и на нивните пари.
На 11 декември Груевски ќе ја добие и казната од граѓаните.
Скопје
06.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА