fbpx

Oхриѓани и стружани го доживеаа најголемиот срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење.

Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква.

Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење.

Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до гуша во долгови ова претпријатие, во претходното негово директорување.

Згора на се, пред околу една година Паскалоски си ја зголеми платата за 10 илјди денари, на грбот на охриѓани и стружани.

Недозволиво е да има 18 милиони евра за Тркалото на лудоста во Скопје а охриѓани и стружани да немаат вода поради долгови на јавно претпријатие.

Доаѓа денот кога граѓаните ќе ја казнат локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Бакрачески, за своето недомаќинско и расипничко работење.

 

Центар за комуникации

ОО СДСМ Охрид

 

Последни вести