fbpx

ДЗС монтира бројки за раст на индустриското производство!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дури и Државниот завод за статистика којшто испорачува нарачани бројки за обвинетиот Никола Груевски во денешниот објавен податок за раст на индустриското производство се заплетка во своите нарачани шеми.

Државниот завод за статистика при објавувањето на податокот за индустриско производство заборавил да ги намонтира и статистиките во извештајот за индексот на работниците во индустријата.

Невозможно е индустриското производство во Македонија да расте во услови кога имаме намалена продуктивност согласно извештаите на надлежните институции и намален број на работници во индустријата.

Скарани со економската логика контролираните институции на Никола Груевски не можат да ги спасат пропаднатите економски политики.

Скопје, 30.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести