СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите

Соопштение за јавност – реакција на СДСМ на најавата на Владата на Мицкоски СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги […]
Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука. На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука […]
Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни

Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите. Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие […]
Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова […]
Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните. Му е гајле на Мицкоски за граѓаните. Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше […]
Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија Почитувани граѓани, Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во […]
Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во […]
Мицкоски да не молчи, да одговори дали патувал со луксузна бизнис класа и карта од 4.000 евра?

Мицкоски да не молчи, да одговори дали патувал со луксузна бизнис класа и карта од 4.000 евра? Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните. Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за […]
Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако […]
Петто убиство откако Тошковски е министер, ниедно не е расчистено

Состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања. Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР. Во овој период од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ […]