Ви благодариме што заедно сме дел од социјалдемократското семејство. Во продолжение се основните информации за процесот за ажурирање на членови и активна регистрација за постапката којашто започнува на 18.01.2020 година.
Тимови за ажурирање на членови на СДСМ и активна регистрација (на ниво на месен одбор) се задолжени да ги контактираат сите членови на СДСМ во Месниот одбор и/или лично да ги посетат сите членови и извршат поединечно пополнување на подготвен Образец за ажурирање на членство и активна регистрација. Активностите се релизираат согласно сите мерки и препораки за заштита од ковид 19.
Вака поединечно пополнетиот Образец за ажурирање на членство и активна регистрација со целосно внесени податоци (своерачно потпишан од членот за кој се врши ажурирање) тимовите на месно ниво ги доставуваат до Општинска комисија за ажурирање на членови на СДСМ и активна регистрација.
Податоците за секој член Општинската комисија ги внесува во електронска форма во единствена база на податоци за членство.
Во целиот период на постапката за ажурирање на членови ќе биде овозможено и зачленување на нови членови на СДСМ, како и нивна активна регистрација.
Врз основа на член 9 став 2 и 3 од Статутот на СДСМ, лицето кое во текот на постапката за Ажурирање сака да пристапи во редовите на СДСМ задолжително потполнува пристапница.
Претседателот на ОО постапува по предвидената постапка во Статутот на СДСМ.
Доколку некој смета дека на било каков начин му е ускратено правото на ажурирање како член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и активна регистрација, може да поднесе приговор до Надзорниот одбор на СДСМ.
*Важна напомена: Сите чекори и активности се реализираат согласно препораките и мерките за заштита на здравјето на граѓаните и членовите.
Доколку имате дополнителни прашања на располагање ви стои вашата општинска организација или директно во седиштето на СДСМ на телефон: 02/3293-100
Социјалдемократски Сојуз на Македонија. Сите права се задржани