fbpx
Социјалдемокатскиот сојуз на Македонијакако модерна, отворена и демократска партија, согласно статутарните измени, Претседателот ќе го избира на непосредни, внатрепартиски избори распишани на ден 12.02.2025 година со Одлука на Извршниот одбор на СДСМ, а кои ќе се одржат на ден 16.03.2025 година.
 
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани да се самокандидираат за Претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
Кандидат за Претседател на СДСМ може да биде лице кое е најмалку 5 (пет) години член на СДСМ и најмалку еднаш бил избран од Конгресот на СДСМ за член на некои од органите на Партијата (претседател, заменик претседател, генерален секретар, член на централен одбор и член на надзорен одбор).
 
Со доставената самокандидатура за Претседател, кандидатот во хартиена форма задолжително доставува:
 
– Лична биографија;
– Партиска биографија;
– Програма за работа за 4-годишен период.
 
Заинтересираните кандидати своите кандидатури, со целосна прилог документација во хартиена форма, во затворен плик со назнака „Самокандидатура за Претседател на СДСМ“ потребно е лично да ги достават најдоцна до 19.02.2025 година, до Централната изборна комисија,  во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8, Скопје, од 08:00ч до 16:00 часот.
 

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на следниот ЛИНК.

Членовите можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација којашто е достапна на интернет страницата на СДСМ или втората опција преку општинските организации на СДСМ.

Рокот за активна регистрација е до 8 март 2025 година.

Програми и биографии

Документи поврзани со изборот на претседател на едно место:​​

Одлука за распишување на внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ:

Централна изборна комисија на СДСМ:

Одлука за овластување и задолжување на ЦИК за утврдување на вкупниот број на активно регистрирани членови

Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ:

Правилник за начинот и постапката за активнарегистрација на членови на СДСМ:

Отворен повик за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ:

Пријава за самокандидирање за кандидат за Претседател на СДСМ:

РОКОВНИК за извршување на изборните дејствија и спроведување на избори за Претседател на СДСМ и за начин и постапка за активна регистрација:

Останати документи