Соопштение за јавност
-Независно од противкандидатите во Центар, Горан Герасимовски покажа како се води една општина каква што е Центар. Во следните денови ќе излезе еден отчет за сработеното во Центар и не гледам друга алтернатива освен Горан Герасимовски и СДСМ за граѓаните на Општина Центар, бидејќи навистина во изминатите четири години и претходно покажавме дека се што ветивме во Општина Центар остваривме. Секако и ќе понудиме за реалните проблеми коишто ги имаат граѓаните во општина Центар и решенија коишто верувам дека ќе бидат препознаени“, Александар Саша Димитријевиќ во интервјуто за Радио Слободна Европа.
На новинарско прашање дали може да се очекуваат и парламентарни избори после локалните Димитријевиќ посочи дека СДСМ е подготвена за избори кога и да се случат.
-Како шеф на Централниот изборен штаб и како Генерален секретар сум сигурен дека СДСМ е во кондиција, СДСМ е спремна за избори кога и да бидат, сега се локалните, независно дали ќе има предвремени парламентарни избори. Гледајќи ги ситуациите во државата и целата нефункционалност на системот по сите нивоа, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во интервју за Радио Слободна Европа.
Линк до интервјуто:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/dimitrijevikj-seriozno-se-podgotvuvame-za-parlamentarni-izbori-koga-i-da-se/33528790.html