Добивме потврда дека храбрите чекори се вреднувани, дека успехот дома високо се цени и надвор, во интервју за ДВ, вели лидерот на СДСМ, по одлуката ЕУ да почне преговори со Северна Македонија.
Лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, чиј мандат беше одбележан со најкрупните историски одлуки за деблокирање на интеграциските процеси на земјата, веста од Брисел ја дочекал работејќи на предлози за надминување на економските последици од актуелната криза.
– Историската вест ме затекна во седиштето на партијата, во мојот кабинет, каде најчесто го минувам работниот дел од денот во овој период, конкретно во разговор за мерките и решенијата што треба да се преземат во надминување на последиците врз економијата предизвикани од кризата со коронавирусот, и за заштита на здравјето на граѓаните.
Целото интервју прочитајте на следниот ЛИНК