fbpx

Царовска за Гласот на Америка: 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска во екслузивно интервју за Гласот на Америка вели дека повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа, зашто во семејните буџети имаат повеќе финансиски средства. Во интервју за Гласот на Америка потенцира: „Најголема реформа е што вложивме во децата, воведување на детски и образовен додаток, за да може идната генерација од најпогодените семејства да не биде повеќе во сиромаштија, туку, да може да излезе и да се бори на пазарот на труд“, вели Царовска.

Во Северна Македонија малку има инвестирано во човечки капитал, но Министерството е фокусирано на инвестирање во предучилишна возраст, коментира министерката Царовска.

„Политичко-економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“, беше тема на министерската панел-дискусија на која учествуваше Мила Царовска во седиштето на Светската банка.

Со овој панел, почна неколкудневната обука за социјална работа и заштита, која се одржува во Вашингтон.

Целосното интервју погледнете го на следниот линк.

Последни вести