fbpx

Богоев: Сигурен сум во двојна победа на изборите на Европскиот фронт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со оглед на достигнатите резултати на Владата предводена од СДСМ од 2017 година до денес, сигурен сум во двојна победа на изборите, на Европскиот фронт, вели во интервју за „24Инфо“ потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

-Ветивме просечна плата од 600 евра, во моментот просечната плата е повисока од тоа. Просечната пензија ја зголемивме за 50%, додека минималната плата ја зголемивме за 100%. Целта на СДСМ е подобар животен стандард на граѓаните, затоа во услови на криза, изминатите три години преку деветте пакети на антикризни мерки вративме 2.6 милијарди евра назад кај граѓаните и компаниите. Само за споредба Владата предводена од СДСМ со последниот пакет на антикризни мерки кај граѓаните и компаниите враќа 662 милиони евра, а Владата предводена од ДПМНЕ со проектот „Скопје 2014та“ потроши исто толку пари на стиропор. Сигурен сум дека граѓаните ја препознаваат оваа разлика., рече Богоев.

Потпретседателот потенцира дека на изборите граѓаните ќе одлучат помеѓу два концепти, едниот предводен од СДСМ кој води кон европеизација и вториот предводен од ДПМНЕ и Левица кој води кон изолација.

-На изборите граѓаните ќе треба да одлучат помеѓу два концепти. Едниот, предводен од СДСМ, кој води кон европеизација и другиот предводен од ДПМНЕ и Левица кој води кон изолација. Европскиот пат е одговор на предизвиците со кои се соочуваме денес. Пристапот до европските фондови значи нова механизација за земјоделците, темелни реформи во судовите и обвинителството, инвестиции во модернизација на болниците, патиштата, училиштата и градинките. Овој концепт значи повисоки плати, пензии и подобар животен стандард. Крајна цел на концептот на европеизација е достоинствен и нормален живот во Македонија, повеќе правда, инвестиции и работни места во државата. Концептот на изолација кој го нудат ДПМНЕ и Левица се залага за сосема спротивното. Поклопени судови, замолчени медиуми, мизерни плати и пензии. ДПМНЕ и Левица сакаат да нѐ вратат во времето на режимот на Груевски каде што младите вадеа бугарски пасоши за да заминат од земјата, бевме скарани со соседите и изолирани од светот. Граѓаните ја препознаваат и оваа разлика и затоа сум сигурен во двојна победа на изборите на Европскиот фронт, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во денешното интервју за „24Инфо“.

Последни вести