fbpx

Филипче: Партиските директори во болниците ги замолчуваат лекарите да не зборуваат за катастрофата во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Партиските директори во болниците ги замолчуваат лекарите да не зборуваат за катастрофата во здравството

Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за неспроведување на ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е целосно спротивна од предизборната реторика.

„ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, спроведува сурова окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучни институции гледаме партиски кадри, братучеди и блиски роднини. ‘Мерит системот’ на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за било какво вработување,“ изјави Филипче.

Тој истакна дека состојбата во здравството и образованието е исто така алармантна. „Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби,“ додаде тој.

На крајот од годината, според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни зборови. „Кампањата што ја водеа беше базирана на лаги, и граѓаните веќе почнуваат да ја чувствуваат тежината на тие лаги. Ако Владата продолжи со истите политики во 2025 година, состојбата само ќе се влоши,“ предупреди Филипче.

СДСМ продолжува да биде глас на граѓаните, укажувајќи на пропустите и штетните политики на актуелната власт, и ќе се бори за враќање на професионализмот и компетентноста во институциите.

ВМРО-ДПМНЕ работи на богатење на елитите: Интервју со Венко Филипче

Последни вести