fbpx

Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите, повисоки плати и пензии и напред по правиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

МОЖЕМЕ е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат.

Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а спроти овој модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ е Спортската сала којашто во новиот мандат ќе ја реконструираме.

Се грижиме за сите и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот.

МОЖЕМЕ, почитувани граѓани е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска дека продолжуваме по правиот пат.

За младите, градиме држава којашто е иновативна и во којашто младите ќе го јакнат преприемачкиот дух, иновациите и креативноста.

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.

Тоа е нова, развојна македонска економија којашто носи стабилност и шанса за сите, наспроти мрачното минато и кражбите на режимот што создаваше шанси само за себе.

Се обврзуваме:

-Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти;

-Ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот;

-Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка на младите;

Се обврзуваме на нова повисока минимална пензија – да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари. Бидејки висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи отворени можности и сигурен раст на пензиите.

Знаеме, градиме, вложуваме, се грижиме за сите и заедно продолжуваме по правиот пат, бидејки можеме уште повеќе и уште подобро.

Прес-конференција на носителите на ИЕ2 Оливер Спасовски #Mожеме #СДСМ

[🔴Во живо] Прес-конференција на носителите на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Недела, 28 јуни 2020

Последни вести