Соопштение за јавност
Во период на криза ја вративме целосно довербата во здравството. Тоа успеавме да го направиме затоа што во изминатите 2,5 години инвестиравме во капацитети но и медицинскиот кадар. Подготвени сме и за следните предизвици кои не очекуваат со коронавирусот пандемијата.
Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме повеќе и во делот на здравството. Како што ги укинавме квотите кои ги мачеа граѓаните и предизвикуваа после 5ти во месецот да нема лекови, сега ќе ја збогатуваме позитивната листа во здравството, на начин со кој вградуваме нови терапии и ќе им дадат подобра шанса на сите кои се соочуваат со проблем.
Ќе обезбедиме брзата помош во градовите брзата помош да пристигнува за помалку од 10 минути а во приградските средини за помалку од 20 минути. Нашиот фокус ќе биде во следниот мандат 33 милиони евра да ги насочиме кон целосна реконструкција и опремување на сите одделенија за интензивна нега.
На тој начин и при следниот бран на коронавирусот да ги имаме сите капацитети. Вложивме во нови кадри во здравството, обезбедивме рекорден број на специјализации. Затоа јавното здравство ќе биде наш приоритет. Заради нашите граѓани кои заслужуваат добра здравствена заштита.