fbpx

Лукаревска: “Можеме” е модел за напредок на државата, време е праводсуството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителката на листа на Изборната Единица 2, Сања Лукаревска, денеска остварува повеќе теренски активности во Куманово.

Лукаревска рече дека во изминатите три години, Владата предводена од СДСМ, целосно се посвети на создавање цврсти основи за сигурна и безбедна иднина на државата.

Таа потенцираше дека програмата “Можеме” креира политики со кои се обезбедува одржлив развој.

“Нашата понуда во програмата “МОЖЕМЕ” за раст на платите и пензиите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме заедно на исправниот пат. Столбовите на коишто ја темелиме нашата понуда е развојот на македонската економија, на грижата за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните, загарантирана правда за сите, и на продолжување на интегративниот процес во Европската Унија”, рече Лукаревска.

Носителката на листа на ИЕ2 се задржа и на состојбата судствоо и на понудата во програмата “Можеме” во која е и решението за создавање правна и праведна држава .

Ние имаме јасна визија каква држава сакаме да биде Република Северна Македонија во 2024 година. Држава, во која целосно се расчистени остатоците од режимот во судството. Правосудството еднаш засекогаш мора да се прочисти од корумпираните судии, а и обвинители. И токму затоа започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и на сите обвинители”, рече Лукаревска

Лукаревска во Куманово ја посети Соколана еден од првите спортски домови во нашата држава и најави дека во следнио мандат
стартува реконструкцијата со што ќе се исполни сонот на многу спортски работници.

“Можеме” е модел за напредок на државата, за развој на спортот, домашната економија и креира услови за младите да останат дома!

Последни вести