fbpx

Николовски од Берово: Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка на Северна Македонија, ова е потврда на правилните политики, но и потврда на македонскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Особено сме горди што денеска на првиот ден од претседавањето на нашиот голем пријател Германија, беше соопштена преговарачката рамка на Република Севрна Македонија и Европската унија. Ова е огромна одлука за македонските граѓани, голем чекор кој е потврда на се она што го правевме овие две години. Но, ова е и потврда на македонскиот јазик“, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме, на вчерашната трибина во Берово.

„Да стигнеме денеска до оваа Одлука во време на криза, ова е убава и важна вест за сите граѓани. Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка за Република Северна Македонија. Таа потврдува дека македонскиот јазик е загрантиран, таа потврдува дека целокупниот правен систем на ЕУ ќе биде преведен на македонски јазик. Тоа го пишува во денешната одлука“, рече Николовски.

Тој нагласи дека концептот предвиден во Програмата на СДСМ и Коалицијата го трасира патот на сигурноста, безбедноста, но и развојот на новата македонска економија.

„Таа гарантира враќање на младите во земјата, но и силен развој на економијата. Успеавме заедно сите да го срушиме режимот и за две и пол години направивме огромен исчекор“, рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ нуди чесни и одговорни кадри во ИЕ 3, но и во сите Изборни единици кои гарантираат развој на демократијата, економска стабилност и просперитет.

Последни вести