fbpx

Заев: Градиме за сегашните и идни генерации, СДСМ е посветена на унапредување и развој на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена нa обнова на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Влогот во инфраструктурата е влог во иднината, влог во подобро и поефикасно поврзување, внатре во државата и со соседните држави.

Денес, инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, мостовите, булеварите и улиците, се инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија.

Три години активно вложуваме во развој и унапредување на патната инфраструктура. Денес се гради како никогаш досега, низ целата држава, се гради интензивно и во време на пандемија согласно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Денеска сме на мостот на реката Вардар, кај населеното место Удово, значајна точка во поврзување на југоисточниот дел со остатокот од државата.

Овој мост по повеќе години и пропаднати ветувања, конечно е реконструиран и обновен.

Со над 91 милион денари, пари од сопствени средства, Јавното претпријатие за Државни патишта целосно го реконструираше овој мост кој сега е побезбеден, пофункционален и обезбедува побрз сообраќај.

Овој мост е пример за градење по план, инвестиции во изградба и реконструкција на клучни делници, важни за граѓаните.

Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот четиригодишен мандат.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци во секој регион од државата.

Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, за поврзаноста со соседите да ја зајакнеме уште повеќе.

И додека СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот, додека СДСМ гради и обновува мостови на соработка и поврзување, ВМРО-ДПМНЕ гради ѕидови на поделби и изолација.

Разликата е огромна, ние градиме модерни, безбедни патишта и мостови по светски стандарди, тие нудат промашени проекти, наместени тендери и бандери сред автопат.

Нашиот пристап е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идните генерации.

Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.

Инвестираме уште повеќе во инфраструктурата, за да имаме уште подобра поврзаност.

Благодарам.

Последни вести