fbpx

Николовски од Пехчево: СДСМ се грижи за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ се грижи да го врати Груевски за обнова на режим и криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања на сите ни го врати сеќавањето на она време кога граѓаните беа газени, уценувани, злоупотребувани. Време кое мислевме дека го оставивме зад нас.

Разликата е јасна и огромна.

Во две и пол години колку што имавме чест да ја водиме владата, покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ и ден денес покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.

11 години ВМРО-ДПМНЕ без срам манипулираше со најранливите категории.

Ги уценуваше за социјалната помош која ја држеше на мизерен минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори, а тие кои земаат социјална помош ги игнорираше.

СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто! И воведе детски и образовен додаток. Тоа е грижа!

Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!

Вие не треба да и служите на политиката, политиката треба да ви служи ВАМ.

Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше и ги угнетуваше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а следно ќе добијат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

И во време на коронавирусот продолживме со концептот – парите назад кај граѓаните.

28 милиони евра враќаме назад кај 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за домашен туризам.

Го зголемуваме и опфатот на домашната платежна картичка. Затоа што сакаме да вратиме пари кај граѓаните и да ја рестартираме економијата.

Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Ова е држава која е праведна за сите, нема веќе високи казни, огромни трошоци за нотари и за извршители. Има праведно општество! Сонувавме за тоа во времето на истото ВМРО кое сака да се врати!

Трошоците за нотари извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме!

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните. Е тоа е вистинска грижа!

Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна. Сетете се како беше во 11-те години на ВМРО. Прво казна се добиваше, па после опомена.

Фејк-њуз ВМРО се грижи само за обнова на режимот и обнова на грабежот кон граѓаните.

Затоа, на 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите.

Обнова на криминалот, обнова на режимот – нема да има!

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава.

Да сте живи и здрави и Ви благодарам.

Последни вести