Соопштение за јавност
Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Милан Живковиќ денеска во рамките на организацијата на националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, националниот совет на инвалидски организации на Македонија и националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија учествуваше како претставник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со цел да ја претстави целосно инклузивната политичка платформа на партијата и заложбите кој како партија ќе ги имаме за овие лица во наредните четири години.
„Како СДСМ и коалиција Можеме навистина ни е мило што ја имаме поддршката од националните сојузи на лицата со попречености, социјалдемократијата значи солидарност и почитување на различностите. Донесовме реформски закон за социјална заштита кои овие организации го бараа со целосна нивна вклученост. Покажавме дека можеме подобро и дека можеме повеќе“ рече во изјавата претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ.
Живковиќ потенцираше дека СДСМ во изминативе 3 години со дела покажа дека гради едно општество за сите, и дека на истиот правец ќе продолжиме и во наредните четири години.
Дел од лицата од овие организации изразија огромна благодарност на досегашните напори на оваа влада за нивните потреби и барања, како што се отворањето на рехабилитационен центар при сојузот на слепи на Македонија, каде се учи брајевото писмо и се работи на целосна инклузија на овие лица.
„Многу ме радува што за прв пат Владата и СДСМ покажаа една целосна инклузивност, и поради тоа сите инвалидски организации денес сме тука да ја поддржиме програмската заложба на СДСМ која најави дека во 2021 година ќе имаме за 15% покачување на додаток за сите лица со попреченост“ потенцираше Томица Стојановски, претседател на сојузот на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Стојановски посочи дека навистина му е драго што СДСМ својата програмата ја направи да биде достапна и видлива за сите лица, вклучително и ние како глуви лица, како и за слепите лица.
Стерија Димов од националниот совет на инвалидски организации на Македонија посочи дека Владата во изминатиот период покажа дека не стави во приоритетите на нивните заложби. Заедно и во наредниот период со СДСМ и коалицијата ќе продолжиме да градиме инклузивно општество, еднакво за сите.