Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3
Почитувани,
Секој од нас е важен. И важно е преземањето чекор и да се учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.
Излегувањето на гласање нема да биде ништо поразлично од одењето во маркет, аптека, банка или некоја друга секојдневна активност.
Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните ,гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!
Почитувани,
Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.
Во моментов нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата.
Останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.
Не гласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно.
Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Секој глас е одлука. Без твојот глас нема да се оствари она што го очекуваш. Излези и гласај на безбедно гласање.
На 15 јули, заокружете го бројот 3 , за коалицијата МОЖЕМЕ, за сигурност, затоа што секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот!