Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓански собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 2, техничкиот премиер Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Пред граѓаните, претседателот Заев се осврна и на понудата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето а нивниот претседател Христијан Мицкоски и натаму нема став за ниту едно важно прашање.
„Знаете за еден став на Мицковски сите овие години? За името? За Преспа? За мултиетничноста на државата? За покачувањето на минималната плата? За ништо немаше став. Не смогна ни сила да стане во Собранието да ракоплеска за влезот во НАТО. Ова што сега го нуди ДПМНЕ е само обнова на режимот. Обнова на истата ментална матрица со која живеевме 11 години. Не дај Боже да дојдат на власт. Одма кавги со Бугарија и Грција. Ни Ф од европски фондови нема да видиме. Со вакво какво што е ВМРО-ДПМНЕ кавгаџиско 60 години нема да завршиме преговори со ЕУ“, посочи Заев.