fbpx

Николовски од Свети Николе: На 15 јули Истокот ќе ја донесе големата победа на СДСМ, затоа што носевме храбри одлуки, влеговме во НАТО, ќе влеземе во ЕУ, а Мицкоски се криеше и бојкотираше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„На 15 јули победата ќе дојде од третата ИЕ. Пораката што од Истокот ќе ја пратиме од овде од Свети Николе и од целиот Исток, ќе биде силна победа, победа која ќе одлучи дека идната влада ќе биде предводена од СДСМ и Коалицијата Можеме. Ќе имаме чист мандат и ќе ставиме крај на режимот што сака повторно да ја врати државата назад, порача Љупчо Николовски, носител на изборната листа во ИЕ 3 на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, од вечерашната трибина во Свети Николе.

Тој потсети дека Свети Николе како град има дадено многу успешни спортисти, кои се покажале на меѓународната сцена, кои играле во Лигата на шампионите.

„Денеска, по само две и пол години, кога земјата беше пред раб на граѓанска војна, кога имаше крв во Собранието, бевме изолирани, и нашата држава, сите ние сме дел од Лигата на шампионите. Од дете паметам дека во нашата земја постојано се зборуваше само за ЕУ и НАТО, а меѓународните претставници само испорачуваа барања. Денеска, за само две и пол годни сме дел од најголемиот безбедносен сојуз НАТО. Денеска ние сме на истата маса, заедно со претседателите на Америка, Франција, Италија… и одлучуваме за безбедноста и сигурноста. За нашата безбедност гарантираат 29 земји членки на НАТО. Имаме имотен лист на ова парче земја“, нагласи Николовски.

Тој потенцираше дека за само две и пол години добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ и затоа денес , во оваа кампања никој не зборува за НАТО и ЕУ, затоа што тоа е завршена работа.

„ Затоа што имаме храбри политичари, со јасен став, кои не калкулираат и кои мислат на иднината на оваа земја, кои не се криеја во бели палати. А ВМРО-ДПМНЕ се криеја во скапата бела плата, направена со парите на граѓаните, ги блокираа сите процеси и на ништо убаво што и се случи на оваа земја не се израдуваа и не ги поддржаа граѓаните. Се криеја, а сега бараaт поддршка. Што може да ветат истите кандидати на Никола Груевски. Христијан Мицкоски го чува столчето на белата палата на Никола Груевски“, рече Николовски.

Последни вести