Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, носител во ИЕ 2
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Ова е голем ден за правдата во нашата држава, а со тоа и за брзата развојна економија што ја најавуваме во следниот 4-годишен мандат.
Денеска стапи на сила Законот за јавно обвинителство, со којшто ги поставивме основите за правната држава, со којшто сите предмети што го отвори СЈО се спасени и се гарантира судска разрешница – и покрај сите блокади што ги правеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
И од државниот јавен обвинител се слушна денеска уверување дека сите предмети ќе добијат судска разрешница и тоа така мора да биде и ќе биде, за да биде задоволена правдата.
Правда за сите ветивме и остваруваме. Режимските остатоци во судстството и врвот на ВМРО-ДПМНЕ тоа не успеаја да го спречат. И во следните 4 години целосно ја заокружуваме оваа цел, со прочистување на правосудството од корумпирани судии и обвинители поврзани со режимот што го поразивме на претходите избори.
На овие избори ќе продолжиме по правиот пат, во правна држава со што додаваме уште еден мотор, покрај евро-атлантските интеграции, во брзата развојна економија со повисоки плати и пензии и нова поголема финансиска поддршка на младите луѓе во следните 4 години.
Препреките за развој на економијата се надминати. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.
Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции – со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот.
Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови. И ќе има и просечна плата од 34.000 денари и минимална плата од 20.000 денари во следните четири години.
На прав пат сме, на патот на развојна економија, во праведна и правична држава којашто се грижи за сите, на патот на европска Македонија и продолжуваме кон сигурна иднина напред, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро.
Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ
[🔴Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски
Posted by Oliver Spasovski on Вторник, 30 јуни 2020