fbpx

Заев за ТВ 24: Комплетно сме насочени кон позитивна кампања, кон промоција на иднината, имаме понуда која носи економски раст и повисоки плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Комплетно сме насочени кон позитивна кампања, кон промоција на иднината, на економскиот раст, на поголеми примања на граѓаните дали се плати, дали се пензии, инвестиции во државата, отворање на нови работни места, квалитетен живот за сите, комплетно водење на еколошка држава заради тоа што сме во третата деценија од 21 век, истакна претседателот Заев на дебатно соочување на ТВ 24.

Осврнувајќи се на опции за коалицирање и формирање на ново мнозинство во Собранието, Заев истакна тоа ќе зависи од изборниот резултат, но СДСМ e партијата која и натаму има најголем коалиционен капацитет

-Сето тоа што го нудиме, јас верувам дека ќе донесе можност да добиеме голема поддршка која што ќе ни даде можност да избереме врз основа на принципи, врз основа на вредности, со кој ќе влеземе во коалиција, бројките кажуваат дека можеме да оформиме сами парламентарно мнозинство вака широка, најголема, најбројна и мултиетничка комплетна коалиција со која што настапуваме, но секако ќе избереме една од политичките партии да влезе во коалиционата Влада и во парламентарното мнозинство во зависност од тие вредности и принципи кои се веќе поставени, порача Заев.

Последни вести