Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која е во работна посета на Охрид денес преку својата страница на социјалната мрежа Фејсбук, изрази директна и недвосмислена поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со езерската мафија.
Шекеринска напиша: „Му давам силна поддршка на градоначалникот на Охрид, мојот драг пријател Коста! Мора конечно да се расчисти со езерската мафија инсталирана и метастазирана од ДПМНЕ. Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ДПМНЕ кои освен профитот немаа друг интерес.“