fbpx

Спасовски: Избираме сигурна иднина за јавното здравје и перспективите, пред нас се многу сериозни избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи.

За да ги заштитиме здравјето и егзистенцијата на сите, мораме да продолжиме со нови, реални иницијативи и одговорни политики, по правиот пат.

Видовте дека претставничката од ВМРО-ДПМНЕ во Владата блокираше 30 милиони евра пари од Светската банка, што требаше да бидат вложени директно во здравството, во време кога цел свет наоѓа начини да се справи со последиците од коронакризата. А ги слушаме деновиве како ќе го обновеле здравството, што го урнисаа во децениското владеење со криминалните политики и продолжуваат да се однесуваат неодговорно.

Ние, за три години обновивме 30 јавно-здравствени установи во земјава.

Во ИЕ 2, Куманово доби нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра.

Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина. Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри.

Со нашиот развоен концепт, обезбедуваме трипати повеќе специјализации.

Скопје добива нов Клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри. Воведуваме и целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи.

Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза, да не ги имавме направено вложувањата во здравството, за само три години?! Како ќе беше да не ги имавме помошта и поддршката од нашите НАТО и ЕУ партнери, што ги обновивме во изминатите 3 години?!

Обнова на режимот е опасност што нема да ја дозволиме. Мораме да излеземе на гласањето на 15.јули во што поголем број за да продолжиме по правиот пат.

Ќе успееме и во заштитата на јавното здравје и нашата држава да добие институции со полн капацитет, што одговорно ќе се грижат за здравјето и егзистенцијата на сите граѓани. По НАТО, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејки ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата.

Тоа носи развој на сите области – и во здравството, можеме уште повеќе и уште подобро и продолжуваме во сигурна иднина по правиот пат.

Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ

[🔴Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Четврток, 02 јули 2020

Последни вести