Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ
Почитувани,
Заедно со генералниот секретар на СДСМ и носител на кандидатска листа за пратеници во ИЕ3, Љупчо Николовски, кандидатот за пратеник, Марија Ангелева и градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев денеска сме на локацијата на којашто се гради браната Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“ да направиме увид во значајниот напредок во изградбата.
Станува збор за инфраструктурен проект од големо значење за кочанскиот регион особено за плодното кочанско поле.
Оваа брана годишно ќе собира 22 милиони метри кубни вода за 80 илјади еквивалент жители и ќе придонесе за навремено и квалитетно снабдување со вода на 1/3 од земјоделските површини во кочанско, а преку две мали хидроцентрали ќе се произведува и електрична енергија. Вредноста на инвестицијата е 30 милиони евра. Идејата за оваа огромна брана датира од 60-те години на минатиот век. Патот го изгради веќе министерството за земјоделие, а висината на самата брана ќе биде поголема од 80 метри.
Покажавме на дело дека и во вонредни услови со целосно почитување на препораките за заштита продолжуваат интензивно градежните работи за изградба на значајни инфраструктурни проекти.
Низ целата држава забрзано се градат крупни капитални проекти од витално значење за граѓаните и државата.
Градиме по план квалитетна инфраструктура за сите!
СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти кои ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации.
Им оставаме на наште деца вредни капитални проекти, им даваме пример и ги учиме на истите вредности – да продолжат и тие уште повеќе и уште подобро да ја градат и развиваат нашата убава земја!