Соопштение за јавност
Во овие кратки двеипол години на власт од корен го сменивме лицето на нашта земја, отворивме 64.000 работни места, интензивно градиме, реконструираме, подобруваме, парите ги враќаме назад кај граѓаните. Нивни се, за нивниот живот.
Предвидуваме 65 000 деца да ги обезбедиме со детска помош, 35,000 семејства да ги обезбедиме со дополнителна социјална поддршка и бидејќи ги зголемивме три пати социјалните помошти имаме денес образ да кажеме дека тоа можеме и повеќе и подобро да го направиме.
Сакаме во следните 4 години да изградиме 260км автопат, 300 км експресни патишта и 950км локални патишта за да стигнуваме побрзо, за да бидеме поповрзани, сакаме да инвестираме во екологија и во туризам и во економија.
Сево ова е можно ако темелите ни држат, а темелите ќе бидат сигурни ако одговорни луѓе бидат на власт. Гласајте за сигурност, гласајте за сигурни решенија, гласајте за луѓе и партии кои ги решаваат проблемите. На 15 Јули можеме и повеќе, можеме и подобро!